Нов протест пред Владата на кој ќе се бара оставката на премиерот Зоран Заев вечерва ќе организира најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Собирно место на учесниците на протестите е во 17.30 часот пред спортските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“ од каде со автомобили ќе се упатат кон Владата за во 18 часот да започне собирот.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски бара поголема поддршка од народот за да се запре Зоран Заев да продолжи да ја продава Македонија.
-ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава, потенцира Мицкоски во пораката со која повикува на денешниот протест.