Денеска посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон

Привремен режим на сообраќај денеска ќе има низ скопските улици во периодот од 04.00 часот до 15.00 часот поради одржување на Виз Ер Скопскиот маратон. Организаторите на Виз Ер Скопски маратон упатуваат апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Затворени за сообраќај ќе бидат следните улици: ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11ти Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

На најголемата спортска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон 2023, во склоп на 19то издание, повеќе од 11.000 учесници се очекуваат да истрчаат низ скопските улици и да го исполнат главниот град со позитивна енергија.

Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.

По изменет режим денеска ќе сообраќаат и дел од возилата на ЈСП, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.

Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25 и 59Б, а од 8 до 9 часот нема да сообраќаат линиите со број 9, 16, 23, 25, 27, 50, 50А и 57.

Со непроменета траса денеска ќе останат градските линии 2, 2А, 8, 12, 19, 20, 45, 59 и 65В и приградските 11, 11А, 18, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 63, 63А, 63Б, 65, 65А, 65Б, 66, 66А, 68, 71, 74, 81 и 162.

Со изменета траса на движење денеска ќе бидат линиите со број 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 27, 28, 31, 41, 51, 67, 70, 50, 50А, 57, 59, 59А, 58, 58А и 58Б.

Од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) информираат дека сите учесници на Скопскиот маратон ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз со приложување на стартниот број на трката.

 

 

 

 

Претходна вестСончево со малку облаци
Следна вестЗа убиството и пожарот во Хром две лица добија кривични пријави