Денеска се одбележуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза

112 години од раѓањето на  Агнеса Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза се одбележуваат денеска. Родена е на денешен ден, 1910 година, како најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Нејзиното семејство било добро ситуирано, и децата биле растени во хуман дух – да му помагаат секому кому му е потребно.

На 12 години го напушта Скопје, бидејќи добила повик од Бога, па заминува за Ирска.

Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Починува во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 година по неколку годишна борба со болест на срцето и белите дробови.

Две години по нејзината смрт, Папата Јован Павле II, ја започнува диоцезиската фаза од процесот за беатификација и канонизација.

По беатификацијата на Мајка Тереза, која на 19 октомври 2003 ја извршил папата Јован Павле Втори, таа ја добила титулата Блажена Мајка Тереза. Оваа титула ја носела сè до нејзиното прогласување за светица откако црквата официјално утврдила дела има изведено и второ чудо.

 

Претходна вест22-годишник од Кочани крадел во Кисела Вода, ама…
Следна вестМВР ловел збеснати возачи: Побрзо возат низ град отколку на отворен пат