МВР ловел збеснати возачи: Побрзо возат низ град отколку на отворен пат

Полицијата ловела возачи кои возат пребрзо. Имено, во текот на вчерашниот ден МВР спровела акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При што биле санкционирани 361 возач.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 199 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 162 надвор од населено место.

Ќе успее ли МВР да ги скроти збеснатите возачи?

Претходна вестДенеска се одбележуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза
Следна вестУбаво: Град Скопје објави повици за субвенционирање за купување велосипеди и електрични тротинети