22-годишник од Кочани крадел во Кисела Вода, ама…

Приведен крадец во Скопје. Имено, вчера во 17:55 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода лицето Б.М.(22) од Кочани.

Тој бил фатен веднаш по извршување кражба од продажен објект на бул. Борис Трајковски и кај него биле пронајдени одземените предмети, кои биле вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестДимитријевиќ: Ни самиот не знам како топката влезе низ обрачот
Следна вестДенеска се одбележуваат 112 години од раѓањето на Мајка Тереза