Темен режим Режим на светлина

Димитријевиќ: Ни самиот не знам како топката влезе низ обрачот

Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа стартуваше во претквалификациите за пласман на Европското првенство во кошарка. Во Данска, со неверојатната тројка (подалеку дури и од средината на теренот) на одличниот Ненад Димитиријевиќ, Македонија славеше победа 73:70.

Димитријевиќ кој е играч на Уникс Казан натпреварот го заврши со 29 поени. И покрај тоа што беше најефикасен истекнува дека победата е извојувана со напорна тимска работа.

-Секој даде свој придонес во оваа особено важна победа, која како што реков и порано, е особено значајна затоа што доаѓа на стартот на циклусот. Не знам како би го опишал последниот шут. Најважно е дека топката влезе низ обрачот. Како, не знам ни јас самиот. Се обидов, погодив, победивме, тоа останува. Одиме понатаму, изјави Димитријевиќ по натпреварот.

Кошаркарите во второто коло ќе играат против Словачка во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ

Следна објава

22-годишник од Кочани крадел во Кисела Вода, ама...