Темно Режим Светло Режим

Денеска Треил трка за вино и љубов во Долни Дисан

Денеска Треил трка за вино и љубов во Долни Дисан Денеска Треил трка за вино и љубов во Долни Дисан

Под мотото „Стартувај, уживај, радувај се! Во тебе е клучот“, денеска во Долни Дисан ќе се одржи четвртото издание на Треил трката за вино и љубов, инспирирана од винските трки во Франција и Италија и прва од овој вид во Неготино и во државата.

Трката, што се одржува по повод празникот Свети Трифун, комбинира рекреација, дружење и промоција на винскиот Дисански крај и локалните производи. Треил патеката е долга 8 километри и, како што информираат организаторите, овозможува учество на цели семејства, промовирајќи здрави навики од најрана возраст.

На плоштадот во Долни Дисан ќе биде поставен базар на кој ќе бидат изложени производи од локални винарии, како и мед, маџун и други ракотворби со цел поддршка и промоција на малите бизниси. Организаторите ги повикуваат љубителите на природа и рекреација да се приклучат на настанот, кој ќе биде проследен со забава за посетителите.

Како што велат организаторите, настанот ја слави пролетта, будењето на природата и почетокот на новиот лозарски циклус.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Рецепт за едно лице: омлет со спанаќ

Рецепт за едно лице: омлет со спанаќ

Следниот Пост
Внимателно на патот Кичево – Гостивар, има голем одрон кај селото Колари

Внимателно на патот Кичево – Гостивар, има голем одрон кај селото Колари