Денеска и утре се случува петтото издание на меѓународниот танцов натпревар Денс ОФФ, во салата на А1 Арена. На репертоарот се модерни и латино танци, а дел од учесниците ќе ја претставуваат земјава на Европското првенство во модерен, џез и класичен балет, што ќе се одржи во декември во Варшава.
Ограничувањата со оглед на ковид-кризата остануваат неизбежни.
– Денс ОФФ е празник на танцот и поддршка на танцовата уметност во овие тешки времиња. Идејата е да ги мотивираме младите да продолжат да се занимаваат со танц и покрај многубројните ограничувања и искрено се надеваме дека ќе им значи да се појават на танцовата сцена по долгата пауза, велат организаторите на натпреварот.
Овогодинешното издание на Денс ОФФ е само најава за тоа што треба да се случи наредната година во Скопје, односно Европското првенство во модерен, џез и класичен балет што ќе се одржи во јуни во Македонска Опера и Балет во организација на танцовите клубови „Break А Leg“ и „Eat The Beat“ од Скопје.