Дете малтретирано од соученици во Неготино, мајката го пријавила случајот

Жена од селото Пепелиште, Неготинско пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички и психички малтретиран од двајца негови соученици, кои му одземале пари кои ги носел со себе.

– На 05.12.2022 со закана му побарале пари, кои малолетникот на 06.12.2022 ги зел од дома и им ги дал, без знаење на родителите. За случајот е запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти полицијата.

Претходна вестПочинато лице пронајдено во погон во Скопје
Следна вестКривична пријава против косовска државјанка за фалсификување лична карта