Девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4,287 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат намалување од 61 милион евра, соопшти Народна банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (60,2 отсто), по што следуваат валутите и депозитите (29,2 отсто) и монетарното злато (10,6 проценти).
Споредбата со претходниот месец во однос на пласманот на резервите говори дека е зголемен процентот на резерви пласирани во хартии од вредност и злато додека има намалување на девизните резерви пласирани во валути и депозити.