Џафери не попушта – нема седница за пратенички прашања со влада во оставка

Барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ в четврток, на 30 декември, да се одржи седница на пратенички прашања е беспредметно, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

-Според договореното на координација претходно, консензуално беше определно 23 декември да биде денот на одржување на пратенички прашања, и со тоа се заокружува обврска на Собранието да ја планира активноста што произлегува како обврска од Деловникот. Барањето е беспредметно и мислам дека ќе биде вратено со ова образложение, затоа што како што кажавме Владата е во оставка и мандатот на владините претставници е престанат, а на пратенички прашања, според Деловникот по секоја цена треба да биде премиерот, а кој премиер ќе биде, кој нема мандат. Значи од таа причина не може да се очекува, нагласи Џафери.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера побара одржување на седница за пратенички прашања со образложение дека замеиците министри ако може да образложуваат закони можат и да одговараат во име на Владата која е во оставка и ја врши функцијата се до избор на нова.

Претходна вестАктуелниот и претходните министри за финансии прават Совет за да расправаат за актуелни економски прашања
Следна вестАнтикорупциска: Се прават криминални шеми од игри на среќа и се крадат лични податоци