Гласачкото ливче нема да биде важечко ако се прецртува било што на него, објасни претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски. Ова е еден вид на реакција по појавата од деновиве, а особено вчера, кога на социјалните мрежи со разни фотомонтажи се споделуваа објави на кои наводно истакнати членови на една партија повикувале да се прешкрта придавката „Северна“ на гласачкото листа.
-Јасно се знае кое е важечко ливче, со заокружен број пред носителот на листата, јасно изразена волја на гласачот, се друго се смета за неважечко гласачко ливче и ништо друго не може да доаѓа во предвид, кажа Оливер Дерковски.
Инаку, од ДИК демантираа дека се знаат резултатите од гласањето вчера кога своето гласачко право го реализираа лицата кои се позитивни на Ковид-19 и се во изолација. Гласовите се уште отворени
-Овие гласачки ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на Ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда. Истите тие ливчиња се вадат од пликоата и се спуштаат во гласачката кутија без да се провери за кого е гласано. Тие гласачки ливчиња се мешаат со сите останати гласачки ливчиња на 15 јули кога гласаат сите останати гласачи, истакнаа од ДИК.