Скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Кривична пријава против И.Е.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство“, поднесена е од Единицата за насилен криминал на СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје.

Убиството се случило на 3 август минатата година во куќа на улицата „Гарибалди“ во населба Шуто Оризари, во која живеел во вонбрачна заедница со Х.Б.(33) од Скопје.

-Поради меѓусебно недоразбирање, пријавениот физички ја нападнал и ја удирал со тврд предмет по главата, по што Х.Б. починала на местото. После тоа, пријавениот И.Е. го завиткал телото во најлонски вреќи и ќебе и го оставил во атарот на село Горно Оризари, скопско, покрај патот кој води од населбата Шуто Оризари кон селото. Телото било пронајдено два дена подоцна на дива депонијата каде се фрлале остатоци од животни, се наведува во пријавата.

ОЈО побарало определување на мерката притвор за осомниченото лице, поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.

Претходна вестМоторциклист загина по судар со скопско „Aуди“, возачот е уапсен
Следна вестТелма и Алсат-М го прекршиле изборниот молк