Димитријевиќ го откажа настапот на Ол-стар натпреварот, за да игра за Македонија

Maкедонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ го откажа своето учество на Ол-стар натпреварот во ВТБ лигата и ќе се приклучи на репрезентацијата на Македонија во подготовките за натпреварите со Естонија и Полска.

Отсуството на Димитријевиќ го потврдија тренерите на двете екипи, Емил Рајковиќ и Велимир Перасовиќ кои изјавија дека местото на Димитријевиќ ќе биде пополнето од друг квалитетен кошаркар.

Пред Македонија во квалификациите ќе биде тешка задача, но секако дека постои надеж за позитивен резултат, а таа и се зголемува со присуството на одличниот плејмејкер.

Претходна вестОпозицијата во Србија сака да воведе техничка Влада, по примерот од Македонија
Следна вестПочнува штрајкот во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети