Почнува штрајкот во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети

Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од денеска ќе стапат во штрајк.

Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи.

Како што информираат од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), за прием на документи ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

-Истовремено сакаме да се заблагодариме на досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите од јавното и приватното здравство, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на вработените во ФЗО и имаат разбирање за нивниот проблем со платите, велат од Синдикатот при ФЗО.

Претходна вестДимитријевиќ го откажа настапот на Ол-стар натпреварот, за да игра за Македонија
Следна вестПовеќе од половината Македонци не може да си дозволат годишен одмор