Димовски: Им се извинуваме на граѓаните, но ова што до правиме е неопходно

Им се извинуваме на граѓаните, меѓутоа ова што денеска го правиме е навистина неопходно, изјави денеска претседателот на ССМ Дарко Димовски откако синдикалци го блокираа влезот во Скопје на сообраќајницата во скопската населба Автокоманда. Затворањето на сообраќајницата во периодот од 7 до 10 часот предизвика бројни проблеми за граѓаните коишто ја користат оваа мошне прометна сообраќајница кај  крстоницата на булеварот „Александар Македонски“ со улицата „16 Македонска бригада“.

Димовски изави дека ќе опстојат на барањето за итно линеарно зголемување на платите од 2.806 денари за секој работник.

-Денеска Сојузот на синдикати на Македонија покажа дека одлучно стои на нивните барања кои во моментот се неопходни,  а потоа и солидарни, зборувам за 2.806 денари одма од први  јули, како и враќање на регресот, изгубеното право во јавниот сектор, од 30 до 100 проценти од  просечната плата. Им се извинуваме на граѓаните, меѓутоа ова што денеска го правиме е навистина неопходно бидејќи знаеме дека се најавува нова цена на струјата, ценовните шокови по продавнците се исти, енергетска криза, нафтена. Македонскиот работник веќе не може да ги издржи ценовните шокови, енергетската и нафтената криза. Централната и локалната власт да издејствуваат веднаш зголемување на платите, апелира Димовски.

Упати апел до централната и локалната власт да го прифатат барањето за линеарно солидно зголемување на платите и да „постапат веднаш“. И натаму останува во сила одлуката за генерален штрајк, вработените во јавниот сектор ќе бидат на своите работни места, но нема да извршуваат работни задачи, освен 10 проценти од вработените кои ќе бидат на располагање за потребите на граѓаните. ССМ најави дека штрајкот ќе продолжи и со други форми на синдикален притисок, а​ незадоволството на работниците ќе го изразат и на улица.

Претходна вестПадна трибина за време на борба со бикови во Колумбија – има загинати, меѓу кои и дете
Следна вестПетков поднесе оставка на Владата, Радев почнува со консултациите за врачување на мандат за нова Влада