Петков поднесе оставка на Владата, Радев почнува со консултациите за врачување на мандат за нова Влада

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска до бугарското Народно Собрание ја достави оставката на владата предводена од него. До овадојде откако бугарските пратеници на 22-ри јуни изгласаа недоверба на неговата влада во Парламентот. Гласањето го иницираше опозициската партија ГЕРБ, откако партијата „Има таков народ“ (ИТН) на Слави Трифонов ја напушти владејачката коалиција.

Се очекува претседателот Румен Радев наскоро да ја започне процедурата за формирање нова влада во актуелното Народно собрание. Тој рече дека ќе започне со консултации со политичките партии веќе во понеделник. Првиот мандат Радев треба да го додели на „Продолжуваме со промената“ (ПП) како најголема пратеничка група во бугарскиот парламент, која има намера повторно да го предложи Кирил Петков за премиер.

Во случај партијата на Петков да не успее да обезбеди мнозинство и нова влада, претседателот ќе го предаде вториот мандат на ГЕРБ-СДС, која вчера најави дека веднаш ќе му го врати на Румен Радев. Третиот мандат на претседателот на Бугарија избира на која од останатите пратенички групи ќе и го додели. Доколку третиот обид не успее, Радев назначува преодна влада, го распушта Националното собрание и закажува предвремени избори.

Претходна вестДимовски: Им се извинуваме на граѓаните, но ова што до правиме е неопходно
Следна вестМихајло Михајловски: Ќе се повлечам откако Вардар ќе застане на здрави нозе