Дина Дума доби две награди на Сараевскиот филмски фстивал

Младата македонска режисерка Дина Дума доби две награди за филмот „Скејтањето не е за девојчиња“, на копродукцискиот маркет Синелинк на Сараевскиот филмски фестивал.

Синелинк е најзначајниот регионален копродукциски маркет, а „Скејтањето не е за девојчиња“ беше во конкуренција со 46 филмски проекти во развој.

Сараевскиот филмски фестивал вечерва се затвара со најновиот филм на Пјер Жалица, „Празник на трудот“, каде „Сестри и брат Митевски продукција“ е македонски копродуцент со поддршка за малцинска копродукција од Агенцијата за филм.

Претходна вестДодека македонската молчи, бугарската влада ги зголемува паричните средства за здруженијата во соседството
Следна вестАко сте на терен завршете до попладне: Доаѓа невреме, пороен дожд и грмежи