Директорот на ЈП “Водовод и канализација“: Имаме недостаток на водоинсталатори и инкасатори, а превработеност на административци

Директорот на ЈП “Водовод и канализација“ Драган Илиевски тврди дека  на седница на Управниот одбор на ЈП Водовод и Канализација, претседателот на Управниот одбор Идриз Орана со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието. Тој тврди дека всушност се прекинува договорот на водоинсталатори и инкасатори односно технички персонал од кој што има недостаток, за разлика од превработеноста во администрација.

– Во исто време ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за превработеноста во претпријатието од времето на нивното владеење, кога станува збор за вработувања на административните позиции на кои се наоѓаат нивните партиски војници. И додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа, вели Илиевски.

На овој начин се загрозува безбедноста на градот Скопје.

– Секако, за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП “Водовод и канализација“ до секој дом во главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот „клати врата, земај плата“.

Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП „Водовод и канализација“ кои со години работат во ова претпријатие. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка е да се предизвика нов хаос во градот Скопје, притоа воопшто не грижејќи се за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода, вели Илиевски.

Истакнува дека за ВМРО-ДПМНЕ единствено е важен партискиот и политичкиот интерес.

Претходна вестИ добрата идеја за стипендирање на студенти во странство ја упропастија
Следна вестСеверна Кореја и се закани на Јужна Кореја: Ќе ве затрупаме со гранати