Дмитриј Рогозин ранет во гранатирање на Доњецк

Дмитриј Рогозин, поранешен генерален директор на државната корпорација Роскосмос, шеф на групата воени советници „Царски волци“, е повреден во гранатирањето на хотел во Доњецк. Ова беше потврдено и од самиот Рогозин.

– Бев ранет во грбот. Ќе преживеам, рекол Рогозин.

Според неговите зборови, гранатирањето било извршено со прецизно наведувана муниција, најверојатно од самоодната артилериска единица „Цезар“ калибар 155 милиметри.

За време на гранатирањето беа ранети и неколку лица од неговата придружба.

Претходна вестДеветмина возеле без дозвола, осуммина поминале на црвено…
Следна вестОрбан: Време е да се „исуши мочуриштето“ во Брисел и да се распушти Европскиот парламент