Деветмина возеле без дозвола, осуммина поминале на црвено…

Нови граѓани кои управуваат со моторно возило а немаат возачка дозвола се откриени при вчерашните контроли на скопското подрачје. Полицијата денеска соопшти дека за таков прекршок се казнети девет лица. Но, ова не бил единствен опасен прекршок што се правеше на скопските сообраќајници.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, две санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за непрописно престројување на возила…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестКој ќе каже СТОП: Старата скопска чаршија ја прават нова да биде?
Следна вестДмитриј Рогозин ранет во гранатирање на Доњецк