75 години постоење славо годинава галеријата Остен. Животниот век е претставен во изложбата што веќе е отворена а ќе трае до 10 октомври во галеријата Остен но и во Чифте амам. Годинава нема странски гости заради ковид пандемијата.
-Но вирусот, сепак, не можеше да не спречи карикатуристите и уметниците да ги донесовме тука – преку нивните дела, наведува Остен.
Во Чифте амам е поставена изложба на слики, цртежи и графики на повеќе од 200 уметници од целиот свет. Од Биеналето на цртеж Скопје 2020 се селектирани делата на Илја и Емилија Кабаков – Гран-при за животно дело и на Оскар Кокошка – награда Светско културно наследство. Од Остен Биеналето на наградени автори Скопје/Охрид 2019-2020 претставен е авторот Мати Грунберг од Израел, добитник на Гран-при. Во Галеријата Остен е отворена изложба на карикатури и графички дизајн.
Изложбите може да се посетат во Чифте амам секој ден (освен понеделник) од 10 до 18 часот, а во Галерија Остен секој ден (освен недела) од 10 до 17 часот.