Стартува патувачкото кино „Македокс“

Со кино проекција во Драчево, вечерва почнува т.н. патувачко кино „Македокс“. Проекциите ќе траат до 12 октомври.

Секој следен ден ќе се прикажуваат филмови во Радишани, Волково, Горна Матка и Булачани. Освен проекции ќе се одржат и неколку работилници и еко-акции.

Протоколите за здравствена безбедност се задолжителни: влез со маски, задолжителна дезинфекција на раце и мерење на температура на влез.

Претходна вестПовелете на капење во новото „езеро“ во Капиштец
Следна вестПретпладне со дожд, попладне намалена облачност