Објавен е отворен повик за дизајнери и илустратори во врска со проектот „Современи бајки од Македонија“. Конкурсот ќе трае до 20 март а отворениот повик за илустратори следи по изборот на четирите победнички бајки: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова.
Сите заинтересирани треба да ги испратат своите пријави најдоцна до 20 март 2021 година на е-адресата [email protected].
Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири-комисија составена од претставници на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставници на издавачката куќа „Арс Ламина“, кои се и организатори на конкурсот и надворешни членови (експерти од областа).