ВМРО-ДПМНЕ: Да направиме електронски попис кој сите ќе го поддржиме

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара откажување од најавениот начин за правење на попис. Дадоа и свој предлог како да се изведе таа операција.

-Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис кој ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме.
За доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во паријата сметаат дека електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата на граѓаните, ќе повикаме на масовно попишување на населението во државата и на сите Македонци од дијаспората. Ќе има трага, а при промена на власта ќе бидат детално разгледани злоупотребите при пописот за што ќе има и одговорност. Заев има шанса да се откаже од фалсификатот и да прифати електронски попис, се додава во соопштението.

Претходна вестДо 20 март е отворен конкурсот за илустратори и дизајнери „Современи бајки од Македонија“
Следна вестСЗО: Богатите држави да не прават залихи на вакцини и лекови