До 20 март е отворен конкурсот за илустратори и дизајнери „Современи бајки од Македонија“

Објавен е отворен повик за дизајнери и илустратори во врска со проектот „Современи бајки од Македонија“. Конкурсот ќе трае до 20 март а отворениот повик за илустратори следи по изборот на четирите победнички бајки: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова.

Сите заинтересирани треба да ги испратат своите пријави најдоцна до 20 март 2021 година на е-адресата [email protected].

Пристигнатите решенија ќе ги разгледува жири-комисија составена од претставници на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, претставници на издавачката куќа „Арс Ламина“, кои се и организатори на конкурсот и надворешни членови (експерти од областа).

Претходна вестПретпладне облачно со повремен дожд, попладне претежно сончево
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Да направиме електронски попис кој сите ќе го поддржиме