До 30-ти август 9.890 лица се провериле во избирачкиот список

Државна изборна комисија (ДИК) соопшти дека заклучно до 21 часот на 30 август, вкупно 9.890 лица се провериле во Избирачкиот список.

Поднесени се вкупно 18 барања за запишување во Избирачкиот список, 18 барања за бришење на податоци од Избирачкиот список и 11 барања за измена на податоците во Избирачкиот список.

До ДИК на меил адресата [email protected] се поднесени вкупно 30 барања.

Претходна вестВо болниците има околу 1.000 пациенти со ковид – меѓу нив 20 се деца
Следна вестСДСМ со нови кандидати за Куманово, Центар, Битола, Шуто Оризари – во Ѓорче пак со Наумовски