До каде е отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград што го вети Ковачевски?

Дури и Канцеларијата за човекови права на ОН побара од Бугарија да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката. Од светската организација побараа и Софија да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права.

Дали и македонската влада може да биде вака гласна со слични барања до бугарската влада?

Се сеќавате ли кога македонскиот премиер Димитар Ковачевски најави дека Македонија ќе отвори македонскиот културен центар во Благоевград? До каде е таа работа?

„По изборите во Бугарија…“ беше последна најава за период во кој ќе продолжат македонско-бугарски разговори околу отворањето на македонскиот културен центар во Благоевград. Ја даде, во јануари годинава, премиерот Ковачевски со потенцирањет дека треба да се почека соседната земја да добие политичка и стабилна влада за подолгорочно решение.

 Нашето барање за отворање на македонски културен центар е веќе подготвено и за него е разговарано, но со техничката влада во Бугарија. Штом ќе завршат со нивното политичко екипирање и со изборите, ќе можат да продолжат разговорите на долгорочна основа во однос на тој делрече тогаш премиерот Ковачевски.

Во Бугарија половина година има политичка, коалициска, влада. Се јави Ковачевски да види до каде е реализирањето на проектот – македонски културен центар во Благоевград?

Јавноста би требало да биде информирана околу тоа со оглед на сите случувања околу ланското отворање на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, зад кој стои организација на Македонците во Бугарија ОМО „Илинден – Пирин“. Познато е, клубот беше отворен кон крајот на октомври, а потоа во февруари годинава бугарските власти одбија да го регистрираат, а што, практично, е забрана за работа.

Во тој период премиерот Димитар Ковачевски изјавуваше дека прашањето на отворањето на клубовите треба да се решава преку комуникацијата на државните органи.

Тоа е начин на кој две држави ги регулираат своите односи на планот на информирање и размена на културните вредности. Верувам дека отворањето на културни центри помеѓу државите се начин на зближување помеѓу граѓаните, државите и институциите, изјавиваше Ковачевски.

Но, еве, и по половина година од најавата дека во Благоевград ќе се отвори македонски културен центар се уште нема ништо. Во меѓувреме, Бугарија и вчера доби нов повик да ги почитува правата на Македонците. Комитетот за елиминација на расна дискриминација при Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во извештајот за Бугарија препорачува таа да ги разгледа сите можни средства за гарантирање на човековите права на припадниците на малцинските етнички заедници, вклучувајќи ги Македонската и Помачката, и да ги имплементира релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на правото на слобода на изразување и на здружување.

Во ОН се гласни. Ќе биде ли гласна и македонската власт?

Претходна вестКовачки: Спасовски излажа за два клучни моменти од истрагата за киднапирањето и убиството на Панче и малата Вања
Следна вестШестмина повредени во сообраќајка во скопска Кисела Вода