За само пет часа во текот на кои МВР вчера вршеше зајакната контрола на движењето на пешаците беа изречени дури 157 казни.
МВР денеска информира дека контролата била вршена во текот на вчерашниот ден, во периодот од 09.00 до 14.00 часот.
– Од 157 пешаци, 140 се санкционирани за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. За време на контролата санкционирани се и 122 други видови на прекршоци, известуваат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.