Добро е, во сабота прво прскање против ларви од комарци за годинава

Прво прскање против ларви од комарци за годинава ќе се изврши в сабота, соопшти денеска Градот Скопје.

-На 03.04.2021 година (сабота), во раните утрински часови, ќе се врши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, се наведува во соопштението

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

По доцнењето со прскањето против комарците во 2018 година што предизвика големи проблеми за граѓаните, градските власти лани и преклани на време го извршија прскањето. Почеток на пролетта е оптимално време за почеток на прскањето кое треба да се одвива во повеќе фази во наредниве месеци.

Претходна вестКривична за директорот кој во кичевската библиотека постави табла со Република Албанија
Следна вестМотоциклист тешко повреден во сообраќајка на „Пластичарска“