Дочек за сребрениот олимпиец Георгиевски утревечер на плоштадот во Скопје

107

Дочекот на Дејан Георгиевски, кој освои сребрен медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, ќе биде утре во 19:30 часот на плоштадот во Скопје.

Георгиевски ги повика граѓаните на заедничка прослава на најголемиот успех на независна Македонија на Олимписките игри, објави МОК на својот профил на Фејсбук.

– Благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри донесов сребрен медал со златен отсјај. Ве повикувам утре, четврток во 19:30 часот на триумфална порта на плоштадот заедно да го прославиме овој успех, истакна Георгиевски.

Македонскиот знаменосец од отворањето на Игрите во Токио, освои сребрен медал во категоријата +80 килограмисо што во историјата се запиша како втор спортист кој и донел олимписки медал на Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестРестрикции за невакцинираните се речиси сигурни, најави Филипче
Следна вестДелта сојот од Индија се проширил во 132 земји во светот