По скопските средни и основни училишта утринава повторно се добиени електронски пораки за поставени бомби. Како и вчера, дојавите се испратени во текот на првиот училишен час.
МВР соопшти дека дојавите се добиени во 18 училишта во Скопје.
-Денеска (02.03.2023) до 08.20 часот во МВР е пријавено дека на електронските адреси на 18 училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР.
Вчера пристигнаа пријави за наводно поставена експлозивна направа во 120 училишта во Скопје, а по сите направени проверки од страна на МВР беше утврдено дека станува збор за лажни дојави.