Дожд, грмежи и ветер со брзина од 70 километри на час

Во Скопје времето денес ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се движат од 6 до 15 степени.

На територијата на Македонија пак, времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер над 70 км/час, локално и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 17 степени.

Претходна вестАнтикорупциската комисија отвара предмет за изградбата на автопатиштата
Следна вестСе замрзнуваат цените: Тестенините поевтини за 10 проценти, за млечните производи се чека на производителите