Дождливо со умерен северен ветер

Дождливо време со умерен северен ветер најавуваат за денеска синоптичарите за скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во останати подрачја од Maкедонија се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи се очекуваат во текот на денешниот ден. Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.

Преодна стабилизација со пораст на дневната температура се очекува кон средина на неделата, а веќе кон крајот на работната недела се најавуваат нови врнежи.

Претходна вестУште утре дожд, потоа ќе се стопли
Следна вестПешачки премин во тревник, велосипедска патека со бетонски пречки – кој ги црта плановите во општините?