Дождливо со умерен северен ветер

На скопското подрачје денеска ќе преовладува облачно време со дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

На останати подрачја во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално, според прогнозата на синоптичарите, ќе наврнат и над 15 литри на метар квадратен. На планините на северозапад ќе врне снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната од 10 до 17 степени.

Во вторник се уште ќе има врнежи од дожд, понекаде проследени со грмежи, но ќе бидат полокализирани. Преодна стабилизација со пораст на дневната температура се очекува кон средина на неделата, а веќе кон крајот на работната недела се најавуваат нови врнежи.

Претходна вестОнлајн работилница за доближување до хероите и антихероите од светот на стриповите
Следна вестПопладнево се очекува пристигнување на 10.000 вакцини во Македонија