Онлајн работилница за доближување до хероите и антихероите од светот на стриповите

Утре, на 20ти април со почеток во 11 часот Europe House Скопје и стрип книжарницата „Бункер“, на платформата ZOOM организираат куса работилница којашто има за цел да ги донесе поблиску супер хероите и антихероите кои живеат во светот на стрипот.

-Работилницата ќе биде интерактивна – сите учесници ќе можат да поставуваат прашања и да дадат свој придонес во дискусијата. Работилницата е бесплатна и отворена за сите заинтересирани кои сакаат да дознаат повеќе за стрипот како уметност и влијанието кое го има во поп културата, велат организаторите.Како што соопштуваат тие работилницата се состои од два дела:

1.Теоретски осврт кон стрипот, историскиот развој и правци во стрип уметноста, поврзаноста на стрипот со филмската уметност, стрипот како инспирација за најпопуларните видео игри.
Предавач: Јован Битољану – ко-основач на стрип книжарницата „Бункер“.

2.Како се создава стрипот? Осврт на процесот на креирање на стрипот и илустрациите.
Предавач: Михајло Димитриевски „Тхе Мичо“- легенда на стрипот и илустрацијата не само кај нас, туку и во глобалната индустрија на друштвени игри и стрипови.

Пријавувањете на заинтересираните учесницие на мејлот [email protected], најдоцна до 20 април до 12 часот.

Претходна вестНе обезбедија ни компјутери за онлајн настава, а камо ли електронски учебници за секое дете
Следна вестДождливо со умерен северен ветер