Дождовите го зголемија нивото на Вардар од вчера до денес за 10 до 18 сантиметри

Обилните врнежи изминатите денови го зголемија водостојот на поголем дел од реките во државата во однос на вчера, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Според податоци од таму, за 18 сантиметри е зголемено нивото на реката Вардар кај Демир Капија, а за 10 сантиметри кај Велес. Исклучок за Вардар е мерното место кај Јегуновце каде за шест сантиметри е намалено нивото во однос на вчера.

За 10 сантиметри е повисок водостојот и на реката Струмица кај Ново Село, за шест сантиметри на Брегалница кај Берово и за пет сантиметри на Пчиња кај Катлановска Бања.

Додека дождовите се добредојдени за земјоделството, тие сепак можат да бидат и закана од поплави.

На тоа пред неколку дена предупредија од ЦУК, а како причина ја наведоа лошата состојба на некои локални канали.

Како критичниги издвоија: сливот на реката Вардар, а најчесто има излевање на водата кај селата Јегуновце, Раотинце и Туденце, сливот на Треска, сливот на Црна Река, сливот на реката Струмица, конкретно Струмичко Поле е подложно на поплави при зголемување на водостојот на реките Струмица, Радовишка, Оравичка, Смилјанска, Плеваја и водотеците од планината Беласица…

Тие ги повикаа локалните власти и институциите да ги исчистат за да се избегне можноста од поплави во следниот период.

Претходна вестСкопјанка тешко повредена во сообраќајка на булеварот „Борис Трајковски“
Следна вестАнтикорупциска ги одби приговорите на Левица за Арсовска и на СДСМ за Димитриевски