Ракометарите на Радовиш издвојуваа победа над Еурофарм Пелистер 2 во бараж средбата за местото во Суперлигата.
Голема борба и драма донесе соочувањето во Автокоманда, соочување кое беше решено со мајсторија по истекот на времето. Имено Радовиш доби последна шанса да го реши мечот во регуларниот дел, поточно остана само уште слободниот удар кој го изведе искусниот Здравко Постолов, удар кој заврши во мрежата на „зелено-белите“ за победа од 27-26 (9-14)
Токму Постолов со осум реализации беше прв стрелец, најголема поддршка му беше Митревски со шест погодоци.
Кај пелистерци кои сега одат ранг подолу, Мијушковиќ беше автор на седум голови.