Државни органи за справување со корупцијата имаме, но не се координирани

Со експертот за антикорупција, Вања Михајлова, која е поранешен член на Антикорупциската комисија, зборуваме за состојбите и борбата против корупцијата во Македонија…

Каква е, според Вас, состојбата со корупцијата во македонското општество?

-И според периодичните извештаи и според прецепциите на граѓаните наведени во анкетите корупцијата претставува зло и проблем во општеството. Но, таа и натаму се прифаќа, од најниски до највисоки нивоа во општеството. Мора да сфатиме дека корупцијата започнува од најниски нивоа па се до највисоките. Почнува од они наши навики кога одиме на лекар да носиме подарок бомбоњери, пијалоци… Такво нешто не постои во земјите кои имаат ниско ниво на корупција. Тоа е недозволиво бидејќи тие луѓе на кои им се носат подароци добивата плата за тоа што го работат. Имате една ситуација во која граѓаните ја осудуваат корупција, но „би дале“.

Дали борбата против корупцијата е доволно интензивна, дали e доволнa?

– Никогаш не е доволна борба против корупцијата. И оценките кои ги добиваме како земја се такви. Во земјава се менуваат закони, но истовремено ни се случува да немаме соработка меѓу институциите кои се надлежни да се справуваат со корупцијата. Нема доволна соработка меѓу државната Комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство, УЈП, Завод за ревизија… Треба посебно да се третира и корупцијата на локално ниво бидејќи таму има многу злоупотреби, не само кај централната власт. Недозволиво е она што се виде во локалната самоуправа во Тетово, со ангажирањето на толку многу хонорарни соработници. Несфатливо е како можеше да се ангажираат толку многу луѓе, по кои критериуми… Сето тоа се корени на корупцијата. Нешто се прави, но повеќе на ниво на регулација отколку во пракса.

Што е она што би било потребно ургнетно, а што долгорочно?

– Најургентно е потребната превентива, конкретно спречување на корупцијата. А долгорочно, да се остваруваат сите тие програми и стратегии кои што се донесени за корупцијата. Ние имаме и Национална страгегија и сето тоа не треба да останува на хартија. Треба да се отстранува таа неусогласеност меѓу институциите.

Коруптивни предмети мора многу, многу побрзо да се решваат отколку досега. Бавно, бавно се постапува по тие предмети. Недозволиво е Јавното обивнителство со години, со месеци да не одговара на предметите кои ги покренува Државната комисија за спречување на корупцијата. Треба јавно да одговорат што е причина за толку долго траење на постапките, дали им се потребни уште нови докази. Заради таа бавност со години немаме завршеток на постапките. Значи, органи има, но не се координирани.

 Нам ни е потребно, на пример, обврската за испитување на потеклото на имотот да се прошири и врз функционерите на кои им завршил мандатот пред неколку години, со оглед дека во најголем број на случаи, по завршување на мандатот, истите стануват „просечни“ бизнисмени, купуват луксузни куќи, станови и друг недвижен и движен имот. Многу лесно при проверката може да се утврди колкав имот имале лицата кога биле именувани на одредена позиција и со колку имот располагаат по неколку години откако ја напуштиле таа позиција и кога никој повеќе не ги контролира ниту се интресира за нив.

ЗAKOНИТЕ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ ТУКУ…

Дали е доволно само менувањето на законите за корупција или и нешто друго?

– Не е толкав проблем во законите. Законите се усогласени. И новиот закон е усогласен со европските директиви. Но, најлесно е да се донесе регулатива. Проблем е кога таа треба да се примени. Нам ни недостасува имплементацијата на регулативата.

Потребни се поефикасни напори, кампањи со кои ќе им се објаснува на граѓаните дека тие пари што се даваат како корупција може да се искористат за општото добро. Кога повеќе се зборува за корупцијата таа се намалува во едно општество. Искуствата на земјите кои успеале во тоа покажуваат дека треба да се почнува и од малите нозе. Во Сингапур, уште од градинки и основни училишта ги воспитуваат децата што е тоа неприфатливо во општеството. Таквите луѓе потоа нема да мислат дека корупцијата е „нормално нешто“ во општеството. 

Претходна вестАко изградиме тие ќе дојдат
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Поради „успешните“ економски политики и мерки на власта Македонија е на дното во регионот по растот на БДП