Ако изградиме тие ќе дојдат

Колумна на Пеце Лозанов:

Оваа година кога се наѕираше крајот на короната, стартуваше војна помеѓу големите моќници на политичката сцена. Последиците од војната ќе бидат долгорочни, најпрво со цените кои енормно се креваат на основните продукти и горивата. Сведоци сме на големите цени на нафтените деривати кои секојдневно не изненадуваат. Како мала држава остануваме немоќни во справување со овој проблем, но дали е потребно владата да превземе дополнителни мерки или промоција на алтернативниот начин на превоз или употреба на јавниот градски патнички превоз, или остануваме на промоцијата намали/зголеми акциза?

Овој момент изгледа идеална стимулацијата на луѓето да возат велосипед кој се чини дека е се подобро решение за пристапност, одржливост, квалитет на живот и виталност. Возењето велосипед е добро, не само за луѓето, туку и за нашата околина. Владата во овој момент би требало да потикнува и иницира што е можно повеќе луѓе да излезат од својот автомобил и да се качат на своите велосипеди. Можете да го поттикнете возењето велосипед на различни начини. На пример, инвестирање во инфраструктура, велосипедските патеки, велосипедски паркинзи од отворен и затворен тип, подобрување на шемите кај работодавците и проекти за поттикнување на велосипедистите. Разни програми за имплементација во многу европски земји се случуваат овој момент, многу од овие стимулативни проекти се користат за да ги наведат возачите да користат велосипед или е-велосипед за патување. Дејствата што спаѓаат под ова се кампањи кои апелираат на внатрешна мотивација (мотивацијата што доаѓа од нас самите) за да започнеме со возење велосипед. Ова вклучува нудење пробни искуства, промоции на велосипед или е-велосипед и наградни проекти за велосипеди во кои учесниците се наградуваат за велосипедски километри или преку паметни алатки на мобилните телефони.

Со оглед на тоа што градовите ширум светот го прифаќаат велосипедот како сè поважен дел од нивните транспортни стратегии, за да се охрабрат сè уште се урбано фокусирани главно на мерките за урбанистичко планирање и дизајн, во согласност со логиката „изгради го и тие ќе дојдат“. Ако сакаме успешно да се бориме со многуте предизвици предизвикани од доминацијата на автомобилите во градовите, суштинска е драматична промена во културите на мобилност. За да постигнеме таква промена, треба да размислуваме за зајакнување на човечката инфраструктура за возење велосипед, заедно со трансформирање на физичката инфраструктура на нашите улици.

Исто така, промоција преку зајакнување на проекти за електричните автомобили преку субвенции или премии при купување на хибридни или целосно електрични автомобили. На пример, намалување на трошоци при купување, регистрација, осигурување, зелен картон, субвенции за компании со електричен возен парк итн.

Претходна вестПатарините се поставени за возачите да патат или…?
Следна вестДржавни органи за справување со корупцијата имаме, но не се координирани