Попис имавме, а анализи и проекции ќе имаме ли?

Koлумна на Гарбиела Арсова:

Периодов една од главните теми на дискусија е фамозниот пописот на населението. Се изнаслушавме мислења, дебати, ставови околу исправноста, неисправноста, аномалиите, местенките и сето ова генерално во контекст натоа колку проценти од кои заедници има. Најважното нешто од пописот?!? Та нели сме граѓанско општество? Нели сите сме граѓани. Или не? Или по потреба?! Чинам проблемот е во Уставот што сме истовремено и граѓани и народи и се! Но, тоа е друга тема.

Кога ке размислам подобро други анализи на податоците од пописот и не чувме. Не не интересираат или подобро е да не се коментираат?! Не знам какво значење и влијание врз опстанокот и развојот на државната има процентуалната застапеност на овие или оние, но знам дека не се ни допреа, ниту се допираат темите кои се исклучително важни и кои би требало да се основен интерес и суштина на анализата на податоците од пописот. Каков и да бил.

Мислам си знаеме де, а и пишано е дека основната цел на пописот е да се утврди бројот на населението и територијална распределеност, да се добијат податоци за виталните, образовните, економските, етничките,миграциските и другите белези на населението. Чувте нешто за овие белези на населението? Настрана етничката и верската припадност. Јок! Не чувме! За да чуеме треба некој сериозно да се грижи за опстанокот (Развој не ни споменувам).Понатаму се вели дека пописот е основа за процена на бројот и движењето на населението во меѓупописниот период, како и за долгорочни проекции на бројот на населението во иднина.Ееееејјјј! ДОЛГОРОЧНИ ПРОЕКЦИИ!

Често користиме една добро позната и во овој момент веќе смешна флоскула: Па не сме ние Африка! Па и не сме.  Ама во полза на Африка.  Случајно читав за Гана и оп – статиститка. Историска анализа на популацијата. Од 1955 до денес, на секои 5 години луѓето си се попишуваат. Од 5.7 милиони станале 31 милион, со годишенприраст од околу 2.5% , миграција во плус/ минус скоро и да немаат. Средната старост во 1955 им била 17.6 години, а во 2020 подостареле до 21.5 години. Урбаната популација била 18.9% во1955 до 56.7% во 2020 година, 50,7% жени, 49,3% мажи итн, итн. АМА, направиле и проекции за идни очекувања до 2050 година – 52 милиони жители, со 1.43% прираст, со средна старост 26,9 години, при што 72,15 би била урбана популација. Ете така.

Е сега да се споредиме со Африка. Еве со Гана на пример. Факт е дека имаме сличен сооднос 50,4% жени и 49,6 мажи. И толку. За се другореално сме катастрофа. За 20 години сме се намалиле за 9,2 % . Каде е наталитетот овие 20 години, колкав е морталитетот? Настрана мигрирањето. ПРОЕКЦИИ за следните 5 или 10 години? Следен податок  – 7% (128.186) од популацијата е на возраст од 40-44 години.Ама интересен е и податокот дека средната старост на населението не се дава. Проекции за после деценија? Никакви. Веројатно ако се каже, од памет ќе се извадиме колку сме стари. Понатаму се вели дека во Скопје живеат3,9% повеќе жители, број на домаќинства се зголемил за 16,8%, а во официјалните таблици со црвенко им светат безмалку сите други општини во кои драстично опаѓа бројот на населението. Не ли е тоа аларм за сериозна децентрализација за која еве и јас многу често алармирам?

Нека ни е на здравје пописот кој за жал не е база за никакви проекции, никакви развојни програми, туку само камен околу врат. И да… ние не сме Африка!

Претходна вестСо повик за македонско единство со слави Велигден, симболот на победата на животот над смртта
Следна вестСончево и топло со температури до 27 степени