– Бог, Кој стана човек и зеде врз Себе сè човечко, освен гревот, искусувајќи дури и страдание и смрт – го изврши она што никој пред Него и освен Него не можеше да го направи: го избави човештвото од ропството на гревот и смртта, и овозможи секој што верува во Него да воскресне! Како што Неговата смрт ја победи смртта на сите, така и Неговото воскресение е воскресение за сиот човечки род! Со Христовото воскресение, воскресна Божјата вистина, се потврди Божјата правда и се покажа Божјата љубов!, порача архиепоскопот г.г.Стефан во име на сите македонски владици.
Во годинешново Послание на архиепископот г.г.
Стефан посебно беше потенцирано потребата да се застане во заедничка молитва за спасение на сите страдални луѓе како и да се создаде македонско единство.



