Сончево и топло време, попладне со мала до умерена локална облачност

Денеска времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Претходна вест60 годишен скопјанец пронајден починат во својот стан
Следна вестВо ноќен клуб во Виница затекнати малолетници, неиздавање фискални сметки…