Темен режим Режим на светлина

За 3 дена: 147 новозаразени со Ковид-19, починале 5 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022):

Направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп – 13, Велес – 12, Кавадарци – 10, Охрид и Струмица – по 6, Гостивар – 5, Куманово и Неготино – по 4, Тетово – 3, Штип и Струга – по 2, Кичево, Гевгелија, Ресен, Делчево, Валандово, Крушево и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78г) и Тетово (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022.

До сега во Maкедонија се направени вкупно 2.011.275 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сообраќајка меѓу патничко возило и автобус на ЈСП во Кисела Вода

Следна објава

Приведени криумчари на мигранти, во две возила имало 18 лица