На територија на град Скопје изречени се вкупно 71 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 48 санкции, соопшти МВР за вчерашните сообраќајни полициски контроли на скопското подрачје.
Во информацијата се наведува дека се изречени и девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





