Граѓаните на Скоје на референдум ќе решаваат за враќањето на споменикот на Андон Јанев – Ќосето кој беше отстранет од пред Врховниот суд.
Ова синоќа го најави скопската градоначалничка Данела Арсовска во интервју во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс.
Таа објасни дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд, од страна на тогашната локална власт на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов.
Потрагата за тоа каде бил ставен споменикот траела два месеца а дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.
– Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Да не се грижат, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните. Ова беше прашање кое често пати ми беше поставувано, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, рече Арсовска во синоќешното интервју.





