Темен режим Режим на светлина

Длабок наклон: 117 години од херојската смрт на војводата Христо Узунов и неговите соборци

Со длабок наклон денеска пред споменикот во кичевското село Цер ќе биде одбележана 117 годишнината од погибието на Христо-Димитров Узунов и неговите верни соборци. Македонскиот револуционер, учител и војвода Узунов е длабоко врежан во меморијата на македонскиот народ како голем борец за слободна Македонија.

На ова одбележување се очекува да присуствуваат претставници од локалната самоуправа од родниот град Охрид, на охридските и кичевските основни училишта чиј патрон е војводата, претставници од местото на погибијата село Цер и почитувачи на животот и делото на Узунов од Кичево, Битола и други градови од овој дел на земјава.

-Дваесет и четврти април ќе остане трајно врежан во нашата меморија како ден кога пред 117 години тука во село Цер жртвувајќи го својот живот за да не паднат живи во рацете на непријателот Христо Узунов и неговите соборци со саможртва го положиле својот живот. И после 117 години спомените од овој настан не се избришани и ќе останат трајно врежани во постарите генерации и генерациите кои доаѓаат, како потсетник на едно време и показ како се брани и сака татковината, вели историчарот Душан Ристоски, пренесува МИА.

Херојското дело на Узунов и неговите комити, силно ќе одекне на европскиот континент и сите со бескрајна почит пишувале за херојството на комитите и нивниот војвода.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нашата пченица се откупуваше по 10 денари, а производителите со истата евтина пченица значително го поскапеа лебот

Следна објава

Нов силен земјотрес утрово во Босна и Херцеговина, се тресел цел хотел