Дубровник меѓу најубавите места за соло патување во светот

Меѓу едни од најубавите места за соло патување според Американскиот портал „Thrillist“ кој ги опфаќа темите за храна, пијалаци, патувања и забава, се наоѓаат и неколку хрватски градови меѓу кои е и Дубровник. Во веста со наслов „15 места за соло патување во животот“ покрај наведените убавини на Хрватска како посебни  држави се споменуваат и земјите Белгија, Ирска, Мароко …

– Дубровник може да биде многу скап. Сепак, тоа е еден од најтуристичките хрватски градови. Но, доколку се возите покрај далматинското крајбрежје ќе пронајдете вино, морски плодови и места за сончање кои би можеле само да ги посакате, наведено е во текстот.

Оттаму препорачуваат дека без оглед на тоа на кој дел од блескавото крајбрежје ќе ја завршите ноќта, додека сте седнати во некое кафуле, распрашајте се која плажа треба да ја посетите уште следниот ден.

Исто така од порталот истакнуваат дека е многу е важно луѓето да одат на самостојни патувања, така ќе можат да си исполнат сите желби без да мора да ги земаат предвид желбите на своите сопатници.

На листата на авантуристички места за соло патување, покрај убавиот Дубровник се наведени и Севилја, калифорниски Рединг, Бангкок, Париз и Берлин.

 

Претходна вестЕвропа колку понезависна од руската нафта, толку позависна од рускиот ураниум
Следна вестСтрумичанец преку лажен Фејсбук профил објавувал експлицитни фотографии од поранешната девојка