Струмичанец преку лажен Фејсбук профил објавувал експлицитни фотографии од поранешната девојка

Струмичанецот З.К. (31) направил лажен Фејсбук профил преку кој објавувал експлицитни фотографии од својата поранешна девојка. Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривичнo делo „злоупотреба на лични податоци“.

-Пријавениот, без согласност, на женско лице од струмичко село, со која бил во љубовна врска, на социјалната мрежа Фејсбук креирал профил каде објавил експлицитни фотографии од неа, информираат од МВР.

Тој дополнително по електронски пат фотографиите ги испраќал и на други лица.

Претходна вестДубровник меѓу најубавите места за соло патување во светот
Следна вестКомеморација за депортираните Евреи од Штип: Злосторството кое не смее да се заборави