ДУИ претрпе пораз во Тетово – градот што велеа дека им е посебно важен

Владеачката ДУИ не успеа да победи на локалните избори во Тетово, град кој велеа дека е најважен. Имено, кандидатката на ДУИ за градоначалничка на Тетово, Теута Арифи го призна поразот на локалните избори.

Арифи истакна дека не успеала да го добие мандатот, и оцени дека изборите поминале во фер и демократска атмосфера. Му посака успех во работата на нејзиниот противкандидат, Биљал Касами од БЕСА.

Инаку, Касами има убедливо водство во Тетово, според до сега пребројаните гласови на Државната изборна комисија.

Тој води со 57,99 проценти од пребројаните гласови, наспроти Арифи која има 36,69 отсто.

Претходна вестПецаков од ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Охрид
Следна вестСДСМ не успеа да го победи „својот“ Димитриевски во Куманово